
Слога 1934 Виница на вчерашното гостување во Македонска Каменица беше минимално поразена од екипата на Каменица Саса со минимални 1:0 во дерби на Истокот за опстанок во Втора лига. “Рударите” до трите бода стигнаа со погодокот на Сашо Дуков, постигнат од белата точка во 97. минута од мечот. Трите бодови за Саса значат многу на патот кон опстанокот, а Слога сега е во тешка битка за опстанок или бараж.
Второлигашот од Виница е бесен на судиската арбитража, како и на досудениот пенал во финишот од мечот, па денес Слога излезе со соопштение преку кое вели “да се запраша судиската комисија, дали да играме фудбал или да ги изораме сите игралиштата и да се префрлиме на агрокултура?”
ЦЕЛОСНОТО СООПШТЕНИЕ НА ФК СЛОГА 1934 ВИНИЦА: