
Фудбалската федерација на Македонија испратила покана до ФК Преспа од Ресен за да се натпреварува во Втората македонска фудбалска лига по откажувањето на Беса. Тимот на Преспа беше тимот што извиси во ждрепката после баражите. Од екипата на Преспа со писмено соопштение на социјалните мрежи го потврдија учеството во Втората лига во новата сезона 2025/26. Оттаму посочија дека го прифатиле повикот за настап од страна на ФФМ кој доаѓа по откажувањето на Беса. Клубот ги исполнува сите услови за настап во ВМФЛ, како што се стадионот, младинските школи, тренери, односно се што е потребно за настап.
ФК Преспа ги започна подготовките за новата сезона и работи на комплетирање на ростерот.
