
Фудбалскиот погон на Брегалница од Штип се наоѓа на подготовки во Пехчево каде што го одиграа и првиот контролен натпревар. Според информациите од спортскиот Директор Емил Тодев, Брегалница го победи тимот на прволигашот Борец од Велес со резултат 2:0 (0:0) а стрелци на головите беа Андреј Кудијан и новодојдениот хрватот Антонио Азиновиќ. На подготовките во Пехчево на ситни повреди се жалат Мартин Стојанов, Наумче Бакрачевски, Владимир Дујовски и Љупче Кудев кои полека заздравуваат и се приклучуваат кон останатите фудбалери. Брегалница на 7 јули се враќа во Штип, за да фудбалската експедиција на 10 јули се пресели во Златибор, Србија. Во овој спортско – туристички центар Брегалница ги закажа и следните контролни средби:
11 јули, Брегалница – Морнар : Супер лига на Црна Гора
14 јули Брегалница – Графичар : Прва лига на Србија
17 јули Брегалница – Искра : Супер лига на Црна Гора
Контролен натпревар Брегалница ќе одигра и на 21 јули, но сеуште се утврдува кој ќе биде противникот.
Својата генерална проверка Брегалница ќе ја има против тимот на Силекс, но сеуште не е утврдено каде и во кој термин ќе се одигра овој натпревар. Како што е познато првенството на Првата Македонска фудбалска лига ќе започне комбинирано на 7 и 8 август 2021 година.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk