ФК Брегалница одигра нерешено со Ренова со два црвени картони

ФК Брегалница одигра нерешено 2:2 со Ренова, како домаќин на стадионот на ФФМ во Скопје. Во првото полувреме Брегалница постигна гол од пенал преку Урош Дамњановиќ во 35 мин. за водство од 1:0, а со овој резултат се отиде на полувреме. Во првото полувреме Дарко Додев заработи црвен картон поради два жолти картони. Во второто полувреме, поточно во 59 мин. повторно прецизен беше Урош Дамњановиќ за водство на Брегалница од 2:0. Ренова се врати во игра во 77 мин. кога Шефит Шефити постигна гол од далечина. Даниел Мојсов од Брегалница беше исклучен во 79 мин. поради два жолти картони. Тој направи прекршок пред голот на Брегалница и беше досуден пенал за Ренова. Прецизен за Ренова во 80 мин. беше Ремзифаик Селмани кој ги постави конечните 2:2.