
Фудбалскиот клуб Брегалница прави потег за поздравување, клубот мисли на ветераните, на фудбалерите кои во минатото дале многу за штипската фудбалска гордост, кои со гордост го носеле дресот на „сините“.
Управата на штипскиот клуб обезбеди годишни влезници за домашните натпревари на ветеренита кои оставиле белег во Брегалница.
Како што истакнаа и од ФК Брегалница, ветераните на клубот своевремено учествувале во градењето на брендот штипска Брегалница, а овој мал гест е најмалку како што велат од управата на клубот да се направи како благодарност до нив.
Со оваа влезница, ветераните имаат слободен влез на сите домашни натпревари на натпреварите на клубот. Влезницата важи за сезона 2025/2026 и 2026/2027, а влезаницата може да ја користи само сопственикот на истата.
Брегалница во пролетниот дел ќе води битка за влез во Првата македонска фудбалска лига.
Александар Ванев, М-Нет