
Централната власт предводена од СДСМ продолжува да вложува рамномерно во развој на сите региони констатираа денеска на прес конференција од советничката група на СДСМ и коалицијата. Пример за тоа, велат, се одвоените средсства од централниот Буџет за реконструкција на спортскиот центар Џексон во Штип.
„Во централниот Буџет за 2024 година се предвидени 1,5 милион евра за Штип односно финансиски средства со кои ќе биде реконструиран спортскиот центар Џексон. Ова само покажува дека градоначалникот Иван Јорданов повторно ги манипулираше граѓаните велејќи им дека Општина Штип нема да добие ниту денар од централниот Буџет за што јавно треба да се извини. На седницата на која ќе биде разгледуван предлог Буџетот на Општина Штип за 2024 година, советничката група на СДСМ ќе поднесе амандмани кои произлегуваат од реалните потреби на граѓаните на Штип.“ – вели Рогожарска Поповска.
Од Општина Штип велат дека проектите на кои се работи се прокети на граѓаните. Јорданов посочи дека СДСМ требало да работат во изминатите осум години, а не да обвинуваат сега за политички поени.

„Овие проекти се на граѓаните, не се на ниту една политичка партија, најмалку на нив. Најповеќе се повикани да излезат и да направат прес конференција пред КБ која осма година сведочи за нивнотот неработење, или пред затворениот базен.“ – додава Јорданов.
Капиталните проекти во Штип, вели Јорданов породолжуваат и во иднина.
Лаура Стојанова М-Нет