
Позитивна финасиска добивка во вториот квартал од 2023 година бележат и двете јавни претпријатија во Штип.Половина милион денари е добивката на ЈП Стипион, која според директорот Панче Стефановски се должи домаќинското работење во самото претпријатие.
„ЈП Стипион во вториот квартал од 2023 година има реализирано доббивка од околу 500 илјади денари. Оваа добивка се должи исполнување на програмите за уредување градежно земјиште, одржување на локални улици и патишта, како и користење на јавниотпростор за паркирање“ – вели Стефановски.
Со реалана добивка од 550 илјади денари во првиот полугодишен период се пофали и ЈП Исар. Директорот КирилЗајков посочи дека Јавното претпријатие Исар изврши реконструкција на одредени водоводни и канализациони мрежи, приклучување на нови домаќинства. Во делот на испорачана вода истакна дека се како и претходната година. Земени се 181 мостра и е извршена биолошко и техничко испитување.
„ЈП Исар во 2023 гопдина во првиот полугодишен период бележи поитива од 18 милиони 550 денари ама се првенственто од оние кои вие како Совет ги доделивте како субвенција или помош. Ако се изостават реалната добивка е 550 илјади денари “ – вели Зајков.
Претходната година ЈП Стипион во континуитет бележеше финасиска добивка, за разлика од ЈП Исар кое ова не беше пракса.
Лаура Стојанова М-Нет