
По вистинска случка за едно семејство кое е со различни мислења за изградбатаа на кинескиот автопат, денеска се снимаше филмот „Човек против јато“ на Тамара Котевска, во околината на Штип. Ова е трет филм кој се снима во штипско, а како што вели младата Тамара станува збор за област која е полна со испирација и мотив за работа.
„За мене лично овие предели се доста инспиративни, ова е трет филм кој се снима во оваа област. Секој пат кога се наоѓам овде за мене е посебна магија, природно, спонтано излезе да ја најдеме локацијата тука.“ – вели Котевска.
Снимањето на филмот е поддржан од страна на Агенцијата за филм, а целта е да се прикаже македонската култура на светско ниво.
„Моментално Тамара снима филм, Тамара е предводник на еден бран на млади филмски автори кои творат, ја преставуваат македонската култура во светски рамки“ – кажа Мицевски.
Филмот „Човек против јато“ освен во Штип се снима уште на две локации во Скопје и Велес. На филмскиот сет во Штип присуствуваше и минисетерот за култура, Зоран Љутков, како дел од теренските активности.
„Ова е филм којшто е поддржан од годишната програма на Агенцијата за филм, моментално се снима во Штип, а се снима на уште две локации во Велес и во Скопје.“ – вели Љутков.
Штип уште еднаш се покажа како добар домаќин, овој за снимање на филмот „Човек пртоив јато“. Како што истакна градоначалникот Иван Јорданов на ваков начин се покажува значењето на културата и развој на истата во градот.
„Задоволство ми е се снима македонски филм на локација во Штип и што создаваме вредност во културата и уметноста и сум сигурен дека не само во оваа област туку ќе се развие културата во градот“ – додава Јорданов.
Тамара е режисер на филмот „Медена земја“ кој беше номиниран за оскар, а истакна дека плановите за во иднина се големи, а меѓу нив е и ново снимање во Штип.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет