Филмска вечер со актерот Божидар Коцевски вечерва од 18:30 ч. на УГД во Штип, ќе биде прикажан филм во кој тој настапува

Актерот Божидар Коцевски, познат и како Божи Дарко, вечерва ќе биде гостин на филмска вечер на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, каде ќе биде прикажан филм во кој тој настапува. Во рамки на „Деновите на германскиот јазик“, ќе се прикажува филмот „Prange – Man ist ja Nachbar“. Настанот се организира во соработка со Амбасадата на Сојузна Република Германија, со почеток во 18:30 часот, во Свечената сала на Правниот факултет при УГД. Филмот ќе биде на германски јазик, со превод на македонски и албански јазик.

,,Ќе даваат еден германски филм. Ќе го даваат еднаш во Штип овде и еднаш во Скопје. Тоа е од амбасадата македонска и германска. Јас ке дојдам, а потоа ќе има интервју со мене. Можам да комуницирам истовремено и со публиката и ќе биде многу убаво.“, вели Коцевски

Коцевски има играно во повеќе познати серии, меѓу кои „Свет“, „Давос 1917“, „Минхен Гејмс“ и „Шпурен“, а една од неговите желби е да сними филм и во Македонија.

,,Имам глумено во една серија, викаше се Swet, пот на англиски, јас бев фитнес тренер. Имам глумено и во историската серија вика се Dawos, по градчето во Швајдарија Давос, имам изглумено Лени.“, рече Коцевски

Освен преку филмовите и сериите, Коцевски често ја забавува публиката и на Инстаграм. На својот профил објавува кратки смешни видеа во кои на свој начин го прикажува животот на Балканот, нашиот менталитет и секојдневните ситуации. Иако живее во Германија, преку овие видеа покажува дека не ги заборавил корените и дека сè уште е близок со балканската публика.

Иван Митев, М-Нет