Претседателот на СДСМ, Венко Филипче преку социјалните мрежи извести дека ќе го номинира Горан Герасимовски за нов потпретседател на СДСМ.
„Горан е човек кој со силна, посветена и одговорна работа ја заслужи довербата на граѓаните на општина Центар. Победата и освоениот втор мандат како градоначалник се најдобра потврда дека резултатите, блискоста со луѓето и искрената работа секогаш се препознаваат.
Убеден сум дека Горан, со своето искуство, работа и искрена желба, ќе внесе нов импулс, ќе ги обедини сите наши капацитети против криминалната власт и ќе даде придонес во градењето на уште посилен СДСМ“, напиша Филипче.
Текстот Филипче: Ќе го номинирам Горан Герасимовски за нов потпретседател на СДСМ е превземен од МАКФАКС.