„Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ постојано работи да ја зајакне меѓународната позиција на Македонија, работи на развој на економијата и на подобрување на животниот стандард на граѓаните. Од друга страна, од СДС и од опозицијата се трудат да и штетат на Македонија. Кога во прашање се доведуваат државни интереси, без разлика дали станува збор за власт или опозиција, треба да се бранат истите“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Дипломатскиот преседан што го направи Бугарија со објавување на дипломатска нота која содржи информации од безбедносен карактер поврзани со семејството на претседателот на Владата, ни Венко Филипче, ни некој од СДС не го осуди.
Од опозицијата повторно молк, повторно немање реакција ни став.
Оттука, може да се заклучи дека молкот на Филипче значи дека тој повеќе се грижи да не ги наруши личните односи со Софија, отколку да ги брани националните позиции.
Венко Филипче никогаш нема да го видите да застане на страната на Македонија, тој се позиционира таму каде што има корист, а во случајов на страната на Бугарија.
Него не го засега Македонија, ни македонските граѓани, тој има свој зацртан пат да слугува на Бугарија, оти мисли дека ќе добие нешто за возврат.
Така ја кодошеше и државата, така вели дека ќе потпише уставни измени со што Бугарите би биле внесени во македонскиот Устав, без гаранции, оти за него ништо не значи тоа.
За Филипче не е важно што ќе распродаде, ако за возврат добие нешто за себе.
Тоа е разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДС. Тоа што на чело на некогашната голема СДС стои човек кој веднаш би направил ново национално предавство, а луѓето кои ги има поставено околу себе се спремни да го поддржат во тоа.
ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи доследно да ги брани македонските национални интереси, достоинството и позициите на Македонија, затоа што тоа е наша обврска кон граѓаните и државата“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Текстот „Филипче молчи за дипломатскиот преседан кој го направи Бугарија за да не си ги наруши личните релации со нив“, велат од ВМРО-ДПМНЕ е превземен од МАКФАКС.