
Во Полициската станица Берово, вчера попладне било пријавено дека околу 12.00 часот во с.Будинарци, беровско, поради меѓусебно недоразбирање дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ј.П.(72) и С.П.(61) двајцата од с.Будинарци.
На Ј.П. и С.П. од страна на полициски службеници им биле издадени записници за констатиран прекршок.