
Штипската фудбалска гордост Брегалница од денес има нови турски инвеститори – турскиот гигант Фенербахче во купува штипскиот второлигаш.
Според информациите на М Нет веќе од денес турскиот инвеститор го презема клубот, а општината ќе располага со 15% од клубот.
Според нашите информации останатите % се купени за 300.000 евра, од кои 150.000 за општина Штип, а за 150.000 евра за претходниот инвеститор Кирил Гогов.
Според информациите на М Нет телевизија, обврската на новиот инвеститор е Брегалница да се натпреварува во Прва и Втора лига, доколку испаднат од првите две лиги по ранг на натпреварување односно во Трета лига, општина Штип автоматски ги зема акциите.
Александар Ванев, М-Нет