
Во низата на играчи кои заминуваат од Воска Спорт е и Фатјон Јусуфи. Играчот од среден ред си заминува од охридскиот прволигаш каде пристигна од Гостивар во јануари годинава.
За Воска Спорт 28-годишникот одигра 16 натпевари, постигна еден гол, а на фудбалските терени во дресот на охридскиот прволигаш помина 747 минути.
Во својата кариера Јусуфи покрај за Воска Спорт и Гостивар има настапувано и за Струга, Ренова, Шкупи, во Албанија настапуваше за Партизани, а настапуваше и за екипата на Ширак од Арменија.
Воска Спорт дебитантската сезона во Првата лига ја заврши на 9. место на табелата со 42 бодови на своето конто, играше и историско финале од Купот на Македонија каде загуби од Тиквеш со 2:1.
Од Воска Спорт претходно си заминаа голманот Костадин Захов, Ален Јашароски, додека пак на тренерот Срѓан Захариевски му истече договорот, па останува да видиме тренерот ќе остане во охридскиот прволигаш или ќе има промена и на тренерското столче.
Александар Ванев, М-Нет