ФА „Постолов Пандев“ го освои „Симитли Куп“ во Бугарија

Се повеќе се полни витринатата на Фудбалската Академија „Постолов Пандев“ со трофеи кои заслужено ги „жнее“ по домашните и интернационалните турнири. Најновиот трофеј младите и надарени дечки го понесоа на традиционалниот и респектабилен „Симитли Куп“ кој што се одржа во Бугарија. Во конкуренција на повеќе реномирани балкански екипи штипските„генијалци“ во финалниот натпревар се надминаа себеси, и по неповолниот резултат од првото полувреме од 2:0 направија пресврт и со головите на Давид Пешов 2 и Наумче Ангеловски 1 ја победија екипата на Плевен со резултат 3:2. Претходно во полуфиналето со ист резултат од 3:2 ја елиминираа екипата на Ќустендил. За да успехот биде уште повреден се погрижија индивидуалните перформанси на штипските таленти, така да Наумче Ангеловски беше прогласен за најдобар играч на турнирот, Давид Пешов беше најдобар стрелец а Матеј Јовичански беше прогласен за најдобар одбранбен играч. Ова е уште едно драгоцено искуство за тоа да младите играчи на Постолов Пандев се натпреваруваат во конкуренција на реномирани екипи, особено за оние кои што прв пат ја почуствуваа оваа атмосфера и победничкиот дух. Координаторот на академијата Борче Постолов истовремено ни соопшти и за настапот на нивната школа на турнир кој паралелно се одржа во Куманово. Таму генерацијата на дечиња од 2009 г. го освои второто место со освоен пехар и заслужени медали за секој поединец.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk