
Училиштето „Малина Попиванова“ од Кочани со демант во врска со случајот во кој се обвинуваше дека ученичка била навредувана од страна на наставничката оти носела шамија. Од таму велат дека со објавеното видео и обвинувањата директно е нападнат интегритетот на училиштето и вработените. Посочуваат дека дискриминација и омаловажување на учениците не по никој основ, а во никој случај немало забрана за посета на настава ако ученичките носат марама.
„Сакаме да ја информираме јавноста дека за ученичката која се споменува во конкретниот случај ниту е дискриминирана, ниту е навредувана, ниту имала забрана за посета на наставата. Приказната која кружи на социјалните мрежи и дел од медиумите е невистинита, навредлива и понижувачка за целиот образовен процес кој се одвива во училиштето. Воедно, нагласуваме дека се работи за еднострано дадена изјава без да се сослуша и другата страна во случајот. По објавување на видеата од страна на родителот на ученичката директно се загрозува идентитетот на лицата кои се споменуваат и со тоа се загрозува безбедноста и сигурноста на вработените и на нивните семејства.“ – велат во демантот кој го испратија од ООУ „Малина Попиванова“ – Кочани.
Од таму додаваат дека училиштето отсекогаш било препознатливо како училиште по одличната соработка и меѓуетничка интеграција и досега не постои ниту еден случај на дискриминација и омаловажување на учениците по која било етничка, верска или друга припадност.
Ребека Спасова М-Нет