
Започна увидот и во градежните активности на улици кои не се претходно започнати, ниту исплатени. Првиот човек на Општина Штип, Јорданов денеска увид изврши на пристапната улица која ги поврзува булеварот ЈНА со Партизанска и истакна дека од утре ќе започне и нејзиното асфалтирање.
„Денес сме во наслебата „Осми ноември“ да извршиме увид на активностите и припремите за асфалтирање на две улици меѓу булеварот Партизнаска и ЈНА. Станува збор за две улици кои се во вкупна должина од 550 метри и во износ од еден ипол милион денари кои што ќе бидат финансирани од страна на Буџетот на Општина Штип. Потенцирам дека ќе бидат дополнително исплатени затоа што не станува збор за реализиран претходно проект и платен проект, туку станува збор за една од улиците која беше со месеци предизборно раскопана. Ние денес ја завршуваме, а од утре продолжуваме со асфалтирање.“ – кажа Јорданов.
Граѓаните кои живеат во овој дел од градот велат дека претходно сами си ја поплочувале улицата со плочки бидејќи надлежните немале слух за нивните проблеми. Со асфалтирање на оваа улица останува уште порблемот со атмосферската вода која им ги полни подрумите.
„Улицата беше си принаправена колку толку. Ние мештаните тука со коцки сами ја направивме и сега не знам што и текна ќе ја реновират. Убаво е ако се направи“
„Овоа што се започна убава е многу работа за сите нас во населба Осми ноември. Ние имаме еден голем проблем, патот што се прави многу иде вода во подрумите“
Јорданов истакна дека со поставување на решетка и со проширување на постоечкиот канал за вода ќе се реши и овој проблем на граѓаните и по долги години и нивните подруми нема да бидат полни со вода.
Инаку за улицата „Панче Караѓозов“ на која пред неколку дена се постави првиот асфалтен слој Јорданов истакна дека е исплатена од Министерството за транспорт и врски. За улицата „Личка“ пак дополнително се плаќало и од нивна страна бидејќи се поправаа дел од водоводните приклучоци, осносно оние кои не беа поставени на сосодветна длабочина. Денешната и улчиците кои во претстојниот период ќе се реконструираат дополнително и ќе бидат исплатени.
Лаура Стојанова М-Нет