Утре ќе пристигнат руските вакцини „Спутник“, од среда се очекува вакцинација со нив

Утре се очекува да пристигне вакцината од Русија. По вчерашното излагање на премиерот Заев, дека информации има но ги кажа со доза двоумење бидејќи не е сигурен дали навистина вакцините ќе стигнат во недела или не, денеска се огласи и Министерот за здравство Венко Филипче. Тој ја потврди информацијата дека утре ќе пристигнат дел од вакцините од Русија.

„Ги добивме од руската компанија сите потребни документи, и во текот на викендов, многу веројатно е дека во среда ќе почне вакцинацијата, а утре ќе пристигнат на аеродромот во Скопје во 14 часот“, кажа Филипче.

Во нашата држава вакцнацијата започна со вакцините кои пристигнаа како донација од Република Србија од производителот „Фајзер“. Имунизацијата со руската  вакцина „спутник“ треба да започне во среда доколку утре пристигнат 3000те вакцини. До крајот на месецов се очекуваат и вакцините од кинеската синофарм, кој Заев ги најави во посетата на Штип. Во меѓувреме, додека целиот свет масовно се вакцинира а ние сеуште чекаме вакцини, бројот на новозаразени од ковид 19 се зголемува. Во изминатото денонќие во Штип имаше 12 новозаразени, во Кочани 16, Пробиштип 6, во Берово 2 пацинети. Комисијата за заразни болести следејќи го трендот на посетепено зголемување на бројките на позитивни лица од ковид 19 во понеделник ќе одлучува дали ќе има нови рестриктивни мерки или не.

Лаура Стојанова М-Нет