
Општина Штип утре ќе го спроведе четвртото по ред прскање против комарци за оваа година. Тереистичката дезинсекција ќе се спроведе на 5.6.2022 (вторник наутро) со цел уништување на комарците. Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во општина Штип, подрачјата по течението на реките Брегалница и Отиња, застојни води и подрачја околу каналниот систем на територијата на општината, урбаните населби и локалитети. Запрашувањето ќе се врши во периодот од 01 до 07 часот со апаратура за УЛВ ладно запрашување.
Во случај на неповолни временски услови (ветер, дожд и др.) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден. Воедно, се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.