
Православните христијани утре слават еден од најголемите македонски православни, но и национални празници Илинден. Илинден има посебно значење за историјата на македонскиот народ заради тоа што на 2 август започнало Илинденското востание во 1903 година, а во 1944 година е одржано Првото заседание на АСНОМ. Денес, илинденската традиција е испреплетена со патриотски, фолкорни и религиски симболи, што го прави Илинден еден од најважните празници во Македонија.
„Според учењето на светата наша црква пред второто доаѓање на Христа, светиот пророк Илија ќе дојде на земјата ќе пророкува и ќе го предвестуваат второто христово доаѓање.“
Во светото писмо може да се најдат многу примери каде што Свети Илија со својата огнена ревност се бори против злите луѓе. Многу пати бил во животна опасност, но сепак дошло време кога Бог му пратил огнена кочија и го однел на небо.
„Светиот пророк Илија, пророкувал во времето на царицата Езавела и царот Ахав. Тие биле незнабошци и изградиле храм на Богот Вал. Еден ден со молитва на пророк Свети Илија три години и шест месеци небото се затворило и не заврнало никаков дожд, а после молитва почнал обилен дожд. Царот Ахав сакал да го погуби овој пророк“
Илинден како државен празник е неработен ден во Македонија. Традиционално празникот се чествува во Крушево на Мечкин Камен. Таму е и централната манифестација. Мечкин Камен е посетен од голем број на државни и други делегации и голем број на граѓани.
Лаура Стојанова М-Нет