Штипјанецот Зоран Николов го искачи планинскиот венец Памир

Во тешки услови, но со многу напор и труд штипјанецот Зоран Николов е еден од малкумината кои успеале да се искачат над 6000 метри надморска височина. Тој сега е на 12 дневна експедиција на планината Памир, планински венец во средна Азија, од каде посочува колку труд навистина е потребно за да се искаче врв на таа наморска височина.

Алпинистот Николов има искачено неколку врвови над 4000, 5000 и 6000 илјади надморска височина. Сега се наоѓа во камп од каде додадва дека е оптимист и се надева на успешно завршување на планинарската тура. За три до четири дена доколку работите се одвиваат според планираното би требало да се врати назад во државата. Планината Памир се вбројува во една од највисоките планини во светот и уште е позната како „Покривот на светот“. Ова е планина која во текот на целата година е покриена со снег.

Лаура Стојанова М-Нет