Утре започнува новата сезона во Првата женска пингпонг лига, штипски Шампион ФА против Младост 95

Утре ќе започне новата сезона од Првата женска лига во пингпонг со вкупно шест екипи.

Ќе настапуваат екипи на Младост 96, Берово, Младост, Шампион ФА од Штип, Крива Паланка и Рисови.

Сезоната ќе биде отворена со натпреварите од првото и второто коло.

Во рамки на првото коло прилепски Младост 96 ќе се соочи со Шампион ФА од Штип, Берово ќе игра против екипата на Рисови од Скопје, а пак Младост ќе игра со екипата на Крива Паланка.

Во однос на натпреварите од второто коло Шампион ФА ќе игра со Младост, Крива Паланка ќе ги одмери силите со Рисови, Младост 96 ќе игра со екипата на Берово.

Александар Ванев, М-Нет