Утре започнува Меѓународниот турнир „Евроспорт Куп“ со големи фудбалски гиганти како Порто, Црвена Ѕвезда, ЦСКА Софија

Утре ќе започне Меѓународниот турнир „Евроспорт Куп 2024“ во организација на ФК Куманово Евроспорт за генерации 2013, 2015 и 2017. Ова е всушност втор турнир, откако претходно во период од 20. до 22. септември се одржа истиот но за генерации 2012, 2014 и генерација 2016.

Од утре па се до недела ќе биде голем фудбалски празник во Куманово, со настап на големи фудбалски гиганти како Порто од Португалија, Црвена Ѕвезда, ЦСКА Софија, Чукаречки, Малта.

Во генерација 2013 ќе настапуваат 16 екипи поделени во четири групи со по четири екипи. Во група А каде е гигантот Порто ќе играат Куманово Евроспорт, Маџари и Форца, во група Б ќе бидат Црвена Ѕвезда, Малта, Детонит Плачковица и Карев, во група Ц екипите на Чукаречки, Нуртепе Спор од Турција, Гроздановски и Борец Јунир, а во група Д екипите на ЦСКА Софија, Њу Старс, Јанг Тим и Нови Таленти.

Во генерација 2015 ќе настапуваат 24 екипи поделени во четири групи со по шест екипи, што ја прави најмасовна оваа генерација.

Во група А се сместени Куманово Евроспорт, Карев, Младеновац, Детонит Плачковица, В и Р Академија 2 и Мондано. Во група Б ќе бидат Малта, Куманово 2012, Караџов, Гроздановски, Њу Старс 1 и Куманово. Во група Ц екипите на В и Р Академија 1, Кул, Маџари, Борец Јуниор, Башкими и Њу Старс 2. Во група Д ќе бидат екипите на Брера Струмица, Престиж Врање, Академија Пандев Скопје, Форца, Овче Поле и Алехандро.

Во генерација 2017 ќе се натпреваруваат 14 екипи во две групи со по седум екипи. Во група А ќе бидат екипата на Анкерброт од Австрија, Куманово Евроспорт 1, В и Р Академија, Азури, Глигоров, Карев и Куманово 2012, а во група Б ќе бидат Црвена Ѕвезда, Хлапетата, Водно, Мондано, Форца, Њу Старс и Куманово Евроспорт 2.

Како и на претходниот турнир така и на овој натпреварите ќе можете да ги следите во живо на спортскиот канал М Нет Спорт.

Александар Ванев, М-Нет