Утре е строг пост за Свети Јован Опсечен – дали навистина не се јаде црвено?

Утре е строг пост, но дали навистина не се јаде црвено?

Меѓу народот постои верување дека на празникот Отсекување на главата на свети Јован Крстител не треба да се јаде храна со црвена боја.

Протоереј-ставрофор Добрица Јанев вели дека тоа е народна традиција, а не црковно правило.

Се пости на вода, без масло, и може да се јаде се што е приготвено без масло, без разлика дали е црвено, зелено или друга боја. Јанев дополнително рече дека вечерва во црквата во населбата Пребег ќе има вечерна богослужба во 18 часот, а утре Света Литургија во 7 часот.

,,Во чест на отсекувањето на светиот Јован Крстител е востановен еднодневен пост кој утре се паѓа во петок и е строг пост без масло. Значи пост на вода. Дали навистина не се јаде црвено?

Тоа е традиција на народот и јас не знам од каде е и зошто е, но не е точно се јаде се она што е приготвено без масло, без разлика на бојата дали е црвена, зелена или др.

Значи си спомнуваме за смртта на светиот Јован Крстител и црквата во населбата Пребег ќе се одслужи вечерна богослужба во 18 часот, а утре литургија во 7 часот.“, рече Јанев

Празникот Јанев вели дека потсетува оти свети Јован не се плашел да ја каже вистината, дури и кога тоа го чинело живот.

Неговата смрт е порака до народот дека вистината треба да се брани, а гревот и неправдата да се разобличуваат, без разлика кој стои зад нив.

,,Ирот антипа кој ја зел а незаконски жената на својот брати Иродијада и направил голем грев со тоа, светиот Јован станал и го изобличил. Ирот лут и озлобен го фрлил светиот Јован во затвор и таму го држел. Кога на неговиот роденден ќерката на Иродијада почнала да игра нечесно, тогаш тој поднапиен и рекол се што ќе побара ќе и даде, дури половина од неговото царство. Саломија поднаучена од мајка и, ја побара главата на Свети Јован и така Ирот наредил та Свети Јован го обезглавиле и неговата глава ја дале на Саломија таа ја дала на нејзнината мајка, која со игли ја избоцкала, велејки еве ти што нас не изобличуваш еве сега давидиме со кој јазик ке зборуваш.“, додава Јанев

Празникот потсетува да не молчиме пред неправдата и да го следиме патот на вистината, како што го следел свети Јован. Празникот менува ден но никогаш датум, секогаш се празнува на 11 септември.

Иван Митев, М-Нет