Утре е Варвара ќе се приготвува варена пченка, обичајот се практикува со векови

Домакинките утре ќе приготвуваат варена пченка или нарекуваната мумурска, по повод празникот посветен на Св. Варвара. Се верува дека утре се уедначуваат денот и ноќта по големина, па како што истакнаа штипјани за М-нет истите се заваруваат. Велат дека ваквата треадиција постои со векови, па затоа тие веќе набавија пченка за утрешниот празник.

За да се приготви вкусна пченка, потребно е само вода и чист пепел, а потоа убаво да се измие со цел паднат лушпите од истта.

Инаку, празникот секогаш се празнува ден пред големиот празник Св. Никола, односно на 17 декември. Празникот бично се празнува во домашни услови, а на истиот се вари пченка – за да се завари, здраве, среќа, да се затече жито во полето и во амбарите. Врз основа на празникот македонецот создал и народни обредни практики како Варварушки. За жал тоа сега е само минато, но некогаш истиот бил од голема важност. Варварушките оделе од куќа на куќа и пееле симболични песни со цел да се завари здравјето и среќата кај луѓето.

Лаура Стојанова, М-Нет