
Утре во спортската сала „Јордан Мијалков“ во Штип, ќе се одигра големото одбојкарско дерби на Истокот меѓу Штип УГД и актуелниот шампион Струмица.
Ова ќе биде натпревар на двата директни конкуренти за двојната титула. Штип УГД е актуелен освојувач на Купот на Македонија и атакува на одбрана на Куп титулата, а штипјани сакаат титула и во првенството, каде пак Струмица ја брани титулата во лигата.
Штип УГД го подига квалитетот и веќе се наметна како сериозен носител на одбојката во Македонија, минатата сезона беше обезбедена историска Куп титула и беше запрена доимнацијата на Струмица, а сега штипјани сакаат титула и во првенството.
Дербито меѓу Штип УГД и Струмица се игра во рамки на 7. коло од втората фаза на Првата одбојкарска лига, мечот се игра утре во „Јордан Мијалков“ со почеток од 18 часот.
Александар Ванев, М-Нет