Утре во ЖИВО на М Нет: Брегалница – Вардарски, од 14 часот

Утре се играат натпреварите од вонредното 19. коло на Втората македонска фудбалска лига, а гледачите на М Нет телевизија ќе имаат можност да го проследат натпреварот меѓу Брегалница и Вардарски.

После големиот пораз на Брегалница од Саса од 4:0 дојде до тренерска промена, Трајче Сенев веќе е минато, а на утрешниот меч помошникот Ристе Наумов ќе го води тимот против „фенерџијата“ Вардарски.

Разликата во квалитет е голема, а Вардарски кој е на дното од табелата нема ни што да загуби, па оди на се или нешто и евентуално изненадување против Брегалница, затоа и натпреварите против екипи како Вардарски знаат да се покажат како незгодни, па затоа Брегалница ќе мора да го заборави тој голем пораз од Саса и да се насочи на мечот против Вардарски, но и на следните предизвици ако сака да се врати на местата кои директно водат кон Прва лига бидејќи сега е на третото место или во бараж зоната за можен влез во Прва лига.

Преносот од Штип каде играат Брегалница и Вардарски на М Нет телевизија ќе започне во 14 часот.

Александар Ванев, М-Нет