Успешна кик – бокс мисија на штипските „Гладијатори“ во Ниш

Победничкиот пехар во рацете на прогласениот најдобар кик – боксер Славче Арсов беше круна на успешната мисија на штипските борци на Меѓународниот „Балкан бест“ турнир што се одржа во Ниш, Република Србија. Славче Арсов го краси и освоениот златен медал во неговата дисциплина и категорија со што само ја потврди одличната „гарда“ предводена од тренерот Шенол Асанов. Успехот го надополнија уште и Марјан Попадинов и Јован Данилов со освојувањето на вторите места во своите дисциплини и категории. Медали и тоа бронзени освоија уште и Никола Нацев и Ива Петрова со што се заокружи успешниот настап на нашите штипски кик – боксери во Ниш.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk