Успешен старт на ВАР технологијата – Шкендија и Вардар тргнаа убедливо, во Кавадарци без голови!

ФОТО: ФК Работнички

Успешно започна имплементирањето на ВАР технологијата во македонскиот фудбал, за првпат истата беше спроведена, а имаше и неколку одлуки во консултација со ВАР собата.

Овој голем проект конечно се реализираше од страна на Фудбалската федерација на Македонија, која со неколку новитети ќе го подига квалитетот на Првата македонска фудбалска лига, но не само квалитетот, туку и организираноста на истата.

Првото коло од ПМФЛ се играше во четири дена, се отвори во петокот, а ќе се затвори денес, понеделник. Дополнително, за сите натпревари обезбеден и ТВ пренос.

Шкендија одлично ја отвори сезоната актуелниот шампион со 5:1 го декласираше Шкупи, кој во новата сезона тргна многу лошо од причина што на воведниот меч настапи со млади играчи, а стадионот на Чаир се’ уште нема имплементирано ВАР технологија, што ќе биде проблем таму да се играат натпреварите.

Одново најдобриот стрелец Бесарт Ибраими ќе конкурира за најдобар стрелец во новата сезона, откако истата ја отвори со два погодоци.

Актуелниот освојувач на Купот на Македонија, Вардар исто така со убедливи 4:1 го декласираше Пелистер на арената во Скопје во „вечното дерби“ кое се играше под рефлектори, а се истакна младото засилување Димитар Данев со два погодоци.

Поранешниот шампион Струга Трим Лум со 2:0 ја отвори новата сезона пред својата публика совладувајќи го повратникот во елитата, екипата на Македонија ЃП, додека пак Башкими и Арсими во дербито на двата лански второлигаши кое се играше во Куманово немаше победник. Исходот беше 1:1 и поделба на бодовите.

Во неделата се одигра еден натпревар, во Кавадарци, а кој заврши без погодоци меѓу Тиквеш и Работнички (0:0). Ова е првиот меч кој заврши без погодоци во новата сезона, но и прв меч без погодоци во меѓусебните соочување на овие две екипи, но во Кавадарци.

Колото се затвара денес со натпреварот во Кратово меѓу Силекс и Брера Струмица. Домашниот тим кој оваа лето настапуваше во квалификациите на Конференциската лига на УЕФА, но беше елиминиран уште во првото коло е максимално подготвен, а минатата сезона Силекс заврши на второто место и до последното коло водеше борба за титулата, а сега одново Силекс ќе сака висок пласман и борба за титула. Од друга страна, Брера Струмица во новата сезона ќе цели кон директен и сигурен опстанок.

Александар Ванев, М-Нет