Управувајќи велосипед удрил во малолетно дете

На 21.09.2020 во 23.00 часот во Полициската станица Штип, А.Е.(34) од
с.Селце, штипско, пријавил дека околу 18.30 часот во с.Селце, малолетник, управувајќи велосипед, удрил во неговото малолетно дете.

Од ударот детето се здобило со тешка телесна повреда констатирана во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид и се работи на расчистување на случајот.