
Универзитетските професори добија поголеми плати, но сега ќе мора да покажат резултати, унапредувањето ќе зависи од објавени научни трудови. Новиот закон за високо образование воведува јасни критериуми, со кои академскиот кадар ќе мора да истражува и своите трудови да ги објавува во меѓународно признати списанија.
,,Она што оваа влада го направи е драстично зголемување на платите на универзитетските професори и од мој лични сознанија во комуникација со нив, тие со тоа се задоволни, тоа е дел од мотивацијата, но другиот дел од мотивацијата ќе бидат и критериумите во новиот закон за високо образование, каде што целито академски кадат ќе има точно прецизираи критериуми за избор. Тие ќе мора да ги исполнат тие критериуми за да бидат избрани во повисоко звање. Бараме од универзитетските професори да им прават истражување и не само да ги спроведат, туку и да ги објават во релефантни списанија светски признати со фактор на влијание.“, рече Јаневска
Јаневска потенцираше дека владата почна да финансира и научни истражувања, апелираше да бидат вклучени и студентите, бидејќи како што кажа тие се иднината на државата.
,,Третиот и значаен дел е тоа што оваа влада почна да финансира научни истражувања, односно ние минатата година имавме повик за 45 научно истражувачки проекти кои универзитетите и јавните институти ги добија и тие се во тек и тие ќе придонесат за понатамошен развој на науката. Апелирам да бидат вклучени и студентите, бидејќи тие се иднината на оваа земја и до универзитетие како организации.“, додава Јаневска
Инаку, министерката Јаневска апелираше универзитетите да се реорганизираат, да ги вклучат студентите и да спроведат формирање на старт ап , се со цел има напредок во оваа сфера.
Иван Митев, М-Нет