
Легализираните објекти на одредени улици во месноста викана Суитлак во Штип ќе добијат куќен број. Ова како потреба се јави со проширување на Генералниот урбанистички план, а како точка на дневен ред на последната седница на Советот на Општина Штип доби поддршка од советниците и од власта и од опозицијата. Вкупната должина на краиците кои ќе се запишат под името улица „Суитлак“ се зголемува за 1113 метри и вкупната должина изнесува 2724 метри.
„Поради проширување на границите на ГУП на Општина Штип, во месноста Суитлак се јави потреба да се именуваат одредени улици за добивање на куќен број на легализираните објекти. Поради тоа улицата Суитлак се продолжува на уште три краци кои се во должина од 1614 метри и се протега до новите граници на ГУПот и вкупната должина на улица Суитлак доаѓа околу 2727 метри“, вели Мијалкова Судиклиева.
Од Општината потенцираа дека улица и број на куќите ќе добијат само легализираните објекти во оваа населба. Населбата Суитлак до неодамна беше викенд населба која почна да го менува изгледот и каде почнаа да се градат голем број нови објекти и куќи. Од овде произлезе потребата за промена на Генералниот урбанистички план.
Лаура Стојанова М-Нет