Улица „Кратовска“ во Штип добива нов асфалтен слој

Денеска започна асфалтирањето на улицата Кратовска во населба Дузлак во Штип. Со одвоени половина милион денари од Буџетот на општината се работи на подобрување на инфраструктурата во градот. Градоначалникот Иван Јорданов истакна дека ќе се асфалтира додека дозволуваат временските услови. Оштетените улици ќе се асфалтираат или оваа или наредната 2023 година.

„Денес започнуваме со асфалтирање на улицата Кратовска во населба Дузлак, улица со вкупна површина од 650 метри квадратни асфалтна маса која денес ќе се нанесе. Вкупниот износ на инвестицијата е нешто над половина милион денари од парите на граѓаните. Со ова денес практично завршуваме со асфалтирање на споменатите улици. Наредните денови ќе се посветиме на асфалтирање на улици во населба Караорман, таму ќе се асфалтираат три улици и се додека ни дозволуваат временските прилики ќе извршиме асфалтирање на краци и улици“ – кажа Јорданов.

Зимскиот период кога нема да дзволуваат времеснките услови за асфалтирање ќе се работи на изготовка на прокети за реконструкција на улици кои имаат потреба од тоа.

Лаура Стојанова М-Нет