
Денеска во големата сала на Правен факултет при УГД Штип беа промовирани три книги на професор доктор Андон Мајхошев. Државата треба да поработи на подобрување на социјалниот дијалог, бидејќи една од портите за побрз влез во ЕУ е социјалниот дијалог. Ова е една од главните теми опфатени во трите засеби книги на Мајхошев.
Заклучокот на трите книги е дека социјалниот дијалог се одвива како социјален монолог и се даваат препораки и насоки како да се подобри социјалниот дијалог во државата.
„Основна нитка околу која се врти приказната во моите книги е социјалниот дијалог. Со датумот на преговори на Македонија од 2005 година, Македонија на некој начин го добива тој код за приближување кон ЕУ. Основна инспирација да почнам со пишување на овие книги е нефункционирањето на социјалниот дијалог во државата и следејќи ги појавите поврзани со социјалниот дијалог и индустриските односи во државата дојдов до заклучок дека социјалниот дијалог во државата е монолог“ – кажа Мајхошев.
Изминатава деценија многу малку се истражува од научната и стручната јавност, многу малку се пишува на теми коишто ги опфаќаат индустриските односи и затоа овие три книги се од големо значење, како за студентите од втор циклус студии така и за сите останати, кажаа промоторите. На државата им се потребни луѓе кои пишуваат и луѓе кои читаат додаваат тие.
„Книгата со наслов „Индустриски односи, регулатива, теорија и практика“ и „Лексикон на индустриските односи“ кои се две засебни книги, се изработени со врвен квалитет во кои авторот на еден систематизиран, аналитички и практичен начин ги анализира сите релевантни и меѓународни документи“ – кажа Тодорова.
“Самиот автор, но и целиот овој настан праќа една силна порака до целата јавност дека науката има место под сонцето и дека треба овакви настани да има што почесто. На македонија ќе и помогнат луѓе кои пишуваат и читаат“ – додаде Јовевски.
Социјалниот дијалог се подобрува, но од големо значење е да биде на потребното задоволително ниво. Овие три книги на профсор Мајхошев даваат насоки што треба да направат сите чинители за подобрување на социјалниот дијалог во државта.
Лаура Стојанова М-Нет