
Денес се одиграа натпреварите од второто коло во рамките на ВМФЛ – Исток во која тимот на Кит Го на „градски“ во Штип се сретна со Детонит од Радовиш. Натпревар со два нови тренери Трајче Сенев кај Кит Го и Илија Сасански кај Детонит кој беше мошне фер и коректен, борбен со многубројни шанси на обете страни за да конечниот резултат гласеше победа на Кит Го од 4:1. Во водство од 1:0 Кит Го дојде во 10 м. со голот што го постигна Давид Бошевски. Се играше отворено и фајтерски од двете страни со шанси на обете страни. Во последната 45 м. од првото полувреме Леон Цуцковски постигна гол за водство на Кит Го од 2:0 и со тој резултат се отиде на одмор. Во второто полувреме Кит Го продолжи со напади и успеа да го зголени зголеми резултатот на 3:0 преку Тони Мичковски во 65 м. Екипата на Детонит со сите сили се обидуваше да постигне гол и конешно тоа му успеа на нововлезениот Сердар Адемов во 77 м. за да го намали резултатот на 3:1. Четвртиот гол беше дело на Љупчо Јанкулов во 84 м. за конечен резултат Кит Го – Детонит 4:1. Судиската тројка од Неготино на чело со Миле Лазов одлично го водеше натпреварот благодарејќи на фер и коректниот однос на играчите и на двете екипи. Инаку мора да се обрне внимание на раководството кое го одржува градскиот стадион во Штип околу безбедноста на новинарскиот дел и на камерманите бидејќи ветерот се повеќе е опасен за безбедноста на официјалните лица и на камерманите по срушувањето на сите оние големи чадори во текот на денешниот натпревар. Додека не се случило некој посериозен инцидент под итно да се најде решение бидејќи не е којзнае колку голема инвестицијата за да се направи една настрешница која доволно би ги штитела и би била безбедна за камерманите, за новинарите па и за дел од навивачите. Се работи за популаризација на фудбалот а средствата и опремата за директни преноси се исклучително скапи и потребно е да се заштитат.
Еве ги комплетните резултати од ова второ коло:
- Кит Го – Детонит 4:1
- Братство – Беласица 1:1
- Кожув – Победа 0:2
- Каменица Саса – Локомотива 1:0
- Слога – Осогово 1:0
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk