
Тутунопроизводителите од карбинско бараат повисока откупна цена на тутунот, под 600 денари оваа година нема да го продаваат. Според нив, ако не се обезбеди фер цена, многумина ќе се откажат од тутунопроизводството – гранка што со децении храни илјадници семејства, особено во источниот дел од земјата. Велат оваа макотрпна работа треба да биде исплатлива, а не работа од која едвај ќе се живее.
,,Не не малку е тоа, испод 650 денара бараме ние тутунопроизводителите. Оваа година и не е добро производството, бидејќи имаше мраз цела пролет. Мометално го бериме да, но работата е многу тешка. Бараме покачување на откупната цена.“, велат производителите
Ако не се покачи цената и оваа година ќе работиме бадијала, додаваат земјоделците. Незадоволството го потенцираат уште сега
Инаку, неодамна министерот за земјоделство шумарство и водостопанство ја истакна откупната цена за оваа година, 400 дена за откуп и 100 денари за субвенција. Како што тој потенцираше откупната цена од 375 денари е зголемена на 400, а субвенцијата од 80 на 100 денари.
Иван Митев, М-Нет