
Турција прва испрати помош за справување со огнените стихии на планините Серта и Огражден. На тешко пристапните планинските терени од воздух освен армиски, полициски хеликоптери, македонските ер трактори на помош утринава им пристигнаа и ер трактори и хеликоптери од Турција.
Огнените стихии се длабоко во планините, ангажирана е и механизација за да се пробиваат патишта, со цел и од земја да се гасат пожарите.
Четири активни пожари има на планината Серта, во неготинско, штипско и Општина Конче. Не терен се пожарникарите, доброволци, месно население, вработени на државни и локални институции, како и припадниците на македонска Армија и Полицијата. Градоначалникот на Општина Штип, вели дека ситуацијата будно се следи со цел пожарнот да не се прошири на штипска страна.
„Будно се следат новонастанатите состојби, сите надлежни институции се на терен.“ – вели Јорданов.
Според ЦУК во последното деноноќие и имало 26 пожари на отворено, а од нив активни се девет кои утрово се се гаснат од земја и воздух.
Лаура Стојанова М-Нет