
Од денеска па во наредните неколку недели пробно за сообраќај ќе биде затворена познатат „едносмерна“ улица во Штип. Предвидено е улицата да се користи како пешачка зона. Ќе биде уредена со соодветна урбана опрема и поплочена. Истовремено ќе се работи на подземната канализациона и водоводна мрежа. Во функција се пушти и втората катна гаража во Штип.
„Во функција се става и втората катна гаража кај стоковната куќа „Нама“ која овозможува нови 26 паркинг места со што имаме можност за влегување до одредена точка на улицата „Ванчо Прќе“ за користење на паркинг површина.“ – вели Јорданов.
Со цел да можат да се користат двете катни гаражи, за време на пробниот период се воведува и двонасочен сообраќај на почетокот и крајот на едносмерната улица. Тежината на сообраќајот ќе падне на улиците „Маршал Тито“ и „Кирил и Методиј“, ама се очекува да нема проблеми.
„За воведување на пешачка зона на улицата „Ванчо Прќе“ се воведе двонасочен сообраќај на дел од улицата и тоа на крстоснива со булевар „Гоце Делчев“ од едната страна како и со учицата „Кирил и Методиј“ ќе има двонасочен сообраќај.“ – вели Мијалкова-Судиќлиева.
Граѓаните велат дека ова што се создава е добро за градот и граѓаните. Додаваат дека шеталиште во центарот на градот е потребно, за да има повеќе место и за пешаците.
Градоначалникот Јорданов повика на трпение, но и на поромена на навиките кај граѓаните со цел градот да функционира непречено, сообраќајот да се одвива регуларно, а Штип да го добие првото шеталиште во центарот на градот.
Лаура Стјанова М-Нет