Трката за Прва лига е сведена на три екипи, Осогово фати сериозен приклучок за опстанок, Новаци и Детонит Плачковица „висат на конец“

Детонит Плачковица запиша пораз и со тоа си ја комплицира борбата за опстанок во Втората лига, Осогово со многу важна победа за опстанок, борбата за влез во Првата лига се сведе на три екипи.

12. коло на Втората лига направи мали промени, но бодовно ги раздели екипи особено во горниот дел од табелата. Охрид го доби дербито на колото со Беласица со резултат од 2:1 и на тој начин „рибарите“ во следното коло во Кочани може да бидат есенски шампиони.

Пелистер триумфираше на домашен терен со 3:1 над Тетекс, а пак Работнички со 4:1 триумфираше над Новаци. Брера Струмица беше поразена со 0:1 од Кожуф и на тој начин трката за Првата лига се сведува на Охрид, Пелистер и Работнички.

Камјани славеше над Еуромилк од Горно Лисиче со резултат од 2:1 и изби на четвртото место на табелата. Македонија ЃП го доби соочување со Детонит Плачковица, „лавовите“ сега се зацврстени на средината од табелата, радовишани си ја закомплицираа борбата за опстанок.

Осогово дојде до својата втора сезонска победа откако во гости со 0:2 го доби Шкупи и на тој начин тимот од Кочани ако следното коло слави над Охрид на домашен терен може да излезе за првпат од опасната зона.

Охрид е прв со 31 бод, втор е Пелистер со 28 бодови, а пак на третото место е Работнички со 27 бодови. На четвртото место е Камјани со 20 бодови, Брера Струмица сега е на петата позиција со 18 бодови, а Кожуф е сигурен на шестото место со 17 бодови. Тетекс и Беласица го делат седмото место со по 16 бодови, Македонија ЃП е деветта со 15 бодови.

Детонит Плачковица е на десеттото место со 12 бодови, а место подолу со бод помалку е Новаци. Во опасната зона како десетти останува Осогово со десет бодови, Еуромилк е претпоследен со седум бодови на дното е Шкупи без бодови.

Александар Ванев, М-Нет