Трилер во Скопје: Соколи го скршија Бутел за мајсторка во Штип


Кошаркарите на Соколи израмнија на 1:1 во финалната серија за пласман во Суперлигата, откако славеа на гостувањето кај Бутел во Скопје со 65:68 во драматичен и неизвесен натпревар.
По поразот во првиот меч, Соколи покажаа карактер и цврстина кога беше најпотребно. Во текот на целиот натпревар се водеше изедначена борба, со чести промени на водството, но гостите во завршницата беа посмирени и поконцентрирани. Клучните поени во последните минути им припаднаа на Соколи, кои успеаја да ја сочуваат предноста и да стигнат до голема победа.
Бутел имаше свои шанси, особено во последниот напад, но не успеа да го реализира и да избори продолжение, па серијата сега се сели во Штип.
Одлуката за тоа кој ќе обезбеди пласман во финале за Суперлигата ќе падне во „мајсторката“, која ќе се одигра пред домашната публика на Соколи. Очекувањата се за вистински спектакл во Штип и неизвесна завршница на оваа финална пресметка.