Триест годишниот Бојан Џонов го фати светиот крст во штипско Ново Село

Триесет годишниот Бојан Џонов го фати светиот крст, кој утринава беше положен во водите на реката Брегалница во штипско Ново Село. Џонов вели дека по вторпат го фаќа светиот крст. Вработен е и веќе втора година живее во Германија, а по повод големиот христијански празник Богојавление е во својот роден град.

-Господ да дава здравје, среќа на сите. Вработен сум, работам во странство во Германија и не не сум оженет, вели Џонов.

Осветувањето на водите на реката Брегалници во штипско Ново село се случи во присуство на голем број на граѓани, верници од старата штипска населба Ново Село. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов и свештениците од Брегалничката епархија на Џонов му врачија пригодни подароци.

Иван Митев, М-Нет