Трибјут за „Бјело Дугме“ ќе го оживее брендот на познатата музичка група

Се реинкарнира балкански популарната музичка група од македонски трибјут бенд „Бело Копче“. Снимањето се одвиваше во НУ-ЦК „Ацо Шопов“ од каде по завршувањето се планирани настапи на многу места и низ повеќе градови.

„Ова е една убава вест за македонската сцена со тоа што го оживуваме брендот на „Бјело Дугме“ т.е. „Бело копче“ во овој случај. Се работи за бенд кој прави трибјут на „Бјело Дугме“, тоа е музичка група, за помладите на кои името не им е познато, иако се надевам дека нема такви. Се надевам дека овој трибјут ќе заживее во сите градови низ Македонија“, истакна Зоран Рудан Цеки, пејач – член на бендот.

Во проектов се ангажирани повеќе лица, меѓу кои се сценографи и костимографи чија задача е најблиску да го доловат стилот и изгледот. Но за изведба и комплетно доловување на музичката група вклучени се десетина членови, кои се во улога на познатите пејачи и музичари.

Иако околностите не одеа во полза, сепак, сега може да се каже дека подготовките се речиси завршени. Снимањето траело долго, но членовите се надеваат дека резултатот ќе биде визит карта за убаво претставување пред заинтересираната публика.

Ребека Спасова МНет