
Воената агресија на Русија врз Украина главна тема на дискусија на денешната трибина која се одржа во Штип. Експерти од повеќе области зедоа учество во дебатата на правните, политичките и економските аспекти на конкретната тема. Кризата може да биде повод за влез на државите од Западен Балкан во ЕУ.
„Можеби треба да видиме на оваа криза како една можност, шанса за земјите од Балканот вклучувајќи ја и Македонија да се забрза процесот на европски интеграции и јасно да се позиционира нашата држава на тој план“ – кажа Андоновски.
„ЕУ е сега свесна дека сега треба да побрзо да делува, но одлуките треба да се донесуваат во рамките на ЕУ и таа не треба да води сметка за некои билатерални спорови, бидејќи сега тие се небитни. Треба да се решат во рамките на ЕУ и да не го спречуваат нејзиното проширување“ додаде Браун.
Со поддршка од соседна Буграја, Македонија може да стане челнка на ЕУ, истакна денеска од Штип бугарскиот аналитичар Димитар Милков.
На настанов присуствуваше и градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов кој истакна дека можноста е прекрасна да се слушне стручното мислење на денешените експерти. Истовремено, студенитите имаа можност од блиску да слушнат за немилите настани во Украина.
Лаура Стојанова М-Нет