Три повредени лица е исходот од сообраќајните несреќи во Штип и Кочани синоќа

Сообраќајни несреќи синоќа во Штип и Кочани, околу 22 часот, неколумина од учесниците завршиле во КБ Штип.

Во СВР Штип синоќа е пријавена сообраќајна несреќа која се случила на улицата Гоце Делчев во Штип. До несреќата дошоло кога патничко моротно возило цитроен Ц3 со штипски регистерски ознаки управувано од 37 годишно лице од Штип изгубило контрола и излетало од коловозот. Удрило во две паркирани возила, цитроен и опел корса, како и во дрво. По несреќата возачот и сопатникот се пренесени во КБ Штип каде се констатирани телесни повреди. Увид на терен извршила увидна екипа од СВР Штип.

Во 21:50 часот пак во СВР Штип била пријавена сообраќајна несреќа на влезот во Кочани, кај бенизнската пумпа кај село Тркање. Во оваа несреќа учествувале мопед со кочански регистерски ознаки управувн од 19 годишен возач од село Тркање и моторно возило ауди со штипски регистерски таблички управуван од 20 годишен возач од село Карбинци. Возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во КБ Штип. Увид на лице место извршила увидна екипа од ОВР Кочани.

Лаура Стојанова М-Нет