
Од сабота започнуваат маратоните во далечинско пливање на кое учество ќе земат и членови на пливачкиот спортски клуб Челични од Штип. Натпреварувањата продолжуваат и наредната недела во Крушево, а учество ќе земат и на традиционалниот Илинденски маратон кој ќе се одржи во Охрид.
„Од оваа година повторно Пливачкиот спортски клуб Челични ќе се натпреварува во Националното далечинско пливање. Веќе од сабота започнува првиот маратон кој ќе се одржи на Преспанското езеро, а наредната недела на 23 јули ќе биде и вториот маратон кој ќе се одржи четврта година по ред на вештачкото езеро во Крушево, маратонот Тоше Проевски. Традиционално и оваа година на 2 август ќе се одржи Илинденскиот маратон во Охрид. На него традиционално настапуваме 10 години и оваа година ќе имаме двајца наши члнови кои таму ќе настапат.“ – вели Јакимовски.
Методи Горгиев и Ивона Наумова ќе го преставуваат пливачкиот клуб Челични на сите маратони на далечинско пливање на 2,5 и 5 километри. До крајот на годината ќе земат учество на вкупно пет маратони.
„Остануваат уште два маратони до крајот на годината. Тоа ќе биде на Охридското езеро и последниот на Велешко езеро. Со тоа ќе го заокружиме натпреварувањето на сите пет маратони . За нашиот клуб ќе настапат двајца пливачи тоа се Методи Горгиев и Ивона Наумова кои се натпреваруваат на трките на 2,5 и на 5 километри.“ додава Јакимовски.
Јакимовски посочува дека оваа година очекуваат високи резултати, речиси идентично како и лани. Поодготовките веќе се во тек.
Останатите членови на клубот Челични ќе може да земат учество на маратони во помала далечина.
Лаура Стојанова М-Нет