Три години општински линиски превоз во Штип

Пред три години во Штип започна проектот за општински линиски превоз, со цел да се подобри поврзаноста и да се олесни секојдневното движење на граѓаните.

Од своето воведување до денес, превозот стана дел од секојдневието на штипјани – услуга која ја користат ученици, студенти, пензионери, работници и жители од различни маала и населени места.

Три години по реализацијата, општинскиот линиски превоз продолжува да има значајна улога во секојдневниот живот на граѓаните. Во овој период, услугата се унапредуваше и се прилагодуваше на потребите на корисниците, овозможувајќи полесно, побрзо и поефикасно движење низ градот и околните населени места.

Проектот кој започна како потреба на граѓаните, денес е воспоставена услуга која е дел од секојдневието на Штип.

Eва Тушевска, М-Нет