
Три бебиња се родија во КБ Штип во новата година, едно еден час пред полноќ на 31 декември, а во исчекување е да се роди уште едно бебе. Споредбено со 2024 година, изминатата 2025 година на одделот за гинекологија и акушерство при штипската Клиничка болница се родиле 62 бебиња повеќе.
„Во споредба на 2024 година, 2025 година ја завршивме со 62 новородени дечиња повеќе, 477 дечиња.“ – вели Велкова.
Во меѓувреме во последата година подобрени се и условите за одделот за гинекологија и акушерство, со што се очекува и поголем број на новородени бебиња оваа година.
„Реновирани ни се тоалетите, лани завршиивме со реновирање на апартманите така да подобрени се условите на нашето одделение“ – додава Велкова.
На олноќ на 1 јануари во штипската болница се роди малата Петра кое е првото бебе во 2026 година.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет