Третолигашот Брегалница од Делчево гради конкурентен тим: Промовирани искусниот Дујоски и голгетерот Атанасовски

Третолгиашот Брегалница од Делчево продолжува активно да работи на градењето на тимот за новата сезона во Трета лига регион 3, откако поранешниот прволигаш ги промовираше искусниот Владимир Дујоски и голгетерот Марио Атанасовски.

Дујоски низ неговата кариера настапуваше за Малеш, Беласица, Пбоеда, Каменица Саса, Брегалница, Кит Го од Пехчево и Хоризонт Турново и во тимот од Делчево носи прволигашко искуство.

Атанасовски во изминатите неколку сезони е меѓу најдобрите стрелци во Трета лига – Исток, во делчевска Брегалница доаѓа од Карбинци, претходно ги носеше дресовите на Рудар, кој е негов матичен клуб, како и на Овче Поле, Осогово, Беласица и Каменица Саса.

Тимот од Делчево досега се засили со голманот Мартин Димитров, Давид Тренчев, Дејвид Иванов и Славче Митовски.

Александар Ванев, М-Нет