
Зголемени концентрации бележи станицата за мерење на квалитетот на воздухот во Штип. Во иминатите три дена се движат од 70 до 100 микрограми, наместо дозволените 50. Во превод тоа значи дека и штипјани деновиве дишат загаден воздух. Ова се должи на серија денови со мирен воздух, денови без ветер што е реткост за Штип и одовде е појавата на зголемени концетрации во воздухот. Но, ако се земе годишното ниво на денови Штип има квалитетен воздух согласно пропишаните граници.
„Ако ја погледнеме цела година, бидејќи сме на крајот на годината просечните концентрации и бројот на денови до денес беа 28, се надевам дека нема да ги надминеме дозволените 35 дена. Штип ако треба да го оцениме квалитетот на воздухот има квалитетен воздух во пропишаните граници“ – вели Мираковски.
И не само Штип, сите урбани средини во држвата се екстремно загадени вели Мираковски. Изворите за загадување на воздухот исти, а голема улога играат и метереолошките услови. За разлика од лани кога беа надминати дозволените 35 дена, годинава ситуацијата е за степен подобра. Загадено е и во Берово, најверојатно заради користењето цврсти горива за греење.
„Освен Скопје, сите урбани средини во државата посебно тие што се наоѓаат во котлини се екстремно загадени. Берово е висока котлина, веројатно бројките од таа станица се точни, за жал најголем дел од населението користи цврсти горива за греење и веројатно и концетрациите се над дозволеното.“ – додава Мираковски.
Просечните годишни концетрации од 2019 година до денеска иако многу бавно сепак се намалуваат, додава Мираковски. Вели дека домаќинствата постепено треба да го променуваат начинот на греење со цел да се реагира на зачувување на чист воздух.
Лаура Стојанова М-Нет