
Во смирена и релаксирана атмосфера, без несогласувања и препирки денеска се одвиваше третата Седница на Советот на Општина Штип, на која беа разгледувани повеќе од 20 точки. Атмосферата беше вакава поради одлуката на советниците од СДСМ да не присуствуваат на истата, и тоа беше соопштено пред да започне седницата.
„Со оглед дека не видовме ниту волја ниту желба од страна на мнозинството од Советот на Општина Штип и да ме повикаат како координатор на советничката група, да поразговараме за можностите за отстранување на овие правни недостатоци и да продолчжиме на работа во Советот ние и денес нема да учествуваме. Би напоменала само дека постоеше можност сите овие работи да се исправат никаде не се вели дека во еден ден може да се одржи само една седница, можеа во петокот да побараат за извествањето да биде доставено до сите“ – кажа Рогожарска.
Седницата започна со верификација на мандатот на Зоран Костовски кои заради оправдани причини беше отсутен на претходните седници. И тој не ја потпиша свечената изјава без придавката северна. Според советниците од мнозинството Седницата за Ребаланс на Буџетот на Општина Штип мораше да се одржи денеска бидејќи законскиот рок е до 15ти месецов.
Одлуките се донесуваа едногласно со мнозинството гласови од страна на присутните советници од Владејачката партија.
Лаура Стојанова М-Нет